Реал (М) ќе понуди 70 мил. фунти + Бензема и Мората за Луис Суарез

Близок извор до таборот на шпанскиот гигант Реал (М) откри дека веднаш по натпреварот против Баерн (М), претседателот на “кралскиот клуб”, Флорентино Перез ги информирал најблиските соработници дека уругвајскиот интернационалец од редовите на Ливерпул, Луис Суарез е приоритет број еден кога е во прашање летниот преоден рок.

„Перез само што ги информира најблиските соработници дека Луис Суарез е приоритет број еден кога е во прашање летниот преоден рок. Сака да го пресели од “Енфилд” на “Сантијаго Бернабеу”. Спред Перез, Суарез е во топ-три, веднаш позади Роналдо и Лионел Меси”, изјави анонимниот извор.

Шпанските медиуми веднаш ја пласираа и информацијата дека финалистото во годинашното издание од Лигата на шампиони ќе испрати официјална парична понуда за напаѓачот на Ливерпул не помала од 70 мил. фунти но во истата ќе бидат понудени и услугите на Карим Бензема и на резервниот напаѓач на “кралскиот клуб”, Алваро Мората.