Реал (М) минимално но доволно на гостувањето во Барселона

Првиот 1/4 финален натпревар од Купот на Шпанија, дуелот помеѓу екипите на Еспањол и Реал (М), заврши со минимален триумф на „кралскиот клуб”.Големиот фаворит за освојување на победничкиот пехар славеше на незгодното гостување со погодокот на францускиот интернационалец, Карим Бензема.

Пред три дена освоија само еден бод во првенствената пресметка, но денеска фудбалерите на Барселона ќе се обидат да забележат триумф во новата пресметка против секогаш незгодниот тим на Леванте.
Денеска е на програма и дуелот помеѓу екипите на Реал Сосиедад и Расинг Сантандер, а утре ќе се одигра дуелот помеѓу екипите на Атлетико (М) и Атлетик (Б).