Реал (М) може да заборави на Рамиреш

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, испрати јасна порака до раководните лица на новиот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), дека најавениот трансфер на бразилскиот интернационалец Рамиреш ќе остане само еден голем сон.

Шпанските медиуми во изминатите неколку дена ја форсираа приказната дека одличниот играч за врска ќе биде продаден на “кралскиот клуб”, а од продажбата на 27-годишниот Рамиреш, лондонскиот клуб ќе заработи околу 26 мил. евра.

За време на последниот состанок кој го имал со сопственикот на “сините”, Мурињо го информирал Роман Абрамович дека Рамиреш не е за продажба и дека бразислкиот интернационалец не смее да си замине од “Стемфорд Бриџ” за време на летниот преоден рок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.