Спорт

Реал (М) на мускули, Барса мора да торпедира

Реал (М) на мускули, Барса мора да торпедира

Многу потешко од очекуваното, актуелниот лидер на табелата, тимот на Реал (М) ја оправда фаворитската улога во саботниот натпревар од 28. коло во шпанската Примера дивизион.

Иако доминираа во поголемиот дел од натпреварот, фудбалерите на Реал (М) забележаа само минимална победа на гостувањето во Малага, а единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 23 минута беше дело на најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо.

Со идентичен резултат, но во корист на домаќинот, заврши првенствената пресметка на “Винсенте Калдерон” помеѓу екипите на Атлетико (М) и Еспањол, но тука, победничкиот погодок, постигнат во 55 минута, беше дело на брзоногиот напаѓач Диего Коста.

Актуелниот шампион, каталонскиот гигант Барселона, денеска има обврска да забележи што е можно поубедлива победа над гостинскиот тим на Осасуна, а најголема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува на дуелот помеѓу екипите на Реал Сосиедад и Валенсија.

Резултати: Леванте – Селта 0:1, Р. Валјекано – Алмерија 3:1, Малага – Реал М. 0:1, Атлетико М. – Еспањол 1:0.

Денеска на програмата: Елче – Бетис, Севилја – Валјадолид, Барселона – Осасуна, Сосиедад – Валенсија.