Реал (М) побара услуга од Барселона

Предводникот на Реал (М), Карло Анчелоти е убеден дека најголемиот ривал од Примера дивизион, каталонскиот гигант Барселона ќе сака да слави во последниот првенствен дуел во кој за противник го има одличниот тим на Атлетико (М).

Голема е вреројатноста дека токму тој натпревар ќе даде одговор на прашањето кој тим ќе биде крунисан за нов шампион на Шпанија.

„Јас сум убеден дека Барса ќе сака победа во тој натпревар, убеден сум дека фудбалерите на Барселона ќе дадат се од себе на “Ноу Камп”. Барселона секогаш игра на победа, не знае да калкулира со конечниот резултат, така било, така и ќе биде. Сведоци сме на една фантастична сезона. Леванте одигра фантастично против Атлетико (М) иако немаше потреба од ниту еден бод. Исто го направија и фудбалерите на Валенсија. Реал (М) нема право на кикс кога е во прашање денешниот заостанат натпревар против Валјадолд. Ако не го добиеме овој натпревар тогаш сигурно ќе се збогуваме со шампионската титула”, изјави Анчелоти.