Реал (М) победи на мускули, Барса ќе нема милост за Малага

Многу потешко од очекуваното, нови три бода на своето конто запишаа фудбалерите на Реал (М), кои дури во вторите 45 минути успеаа да ја оправдат фаворитската улога и да забележат сигурен триумф од 2:0 во првенствената пресметка против екипата на Гранада.

Првиот погодок на натпреварот беше дело на најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, а во листата на стрелци се запиша и францускиот интернационалец, Карим Бензема.

Гостинскиот тим на Малага, денеска не би требало да биде некоја посериозна пречка за каталонскиот гигант Барселона, кој со најавениот триумф повторно ќе се врати на лидерската позиција на табелата.

За нијанса потешка задача ќе имаат фудбалерите на Атлетико (М) кои мораат по секоја цена да освојат три бода во градската пресметка против екипата на Рајо Валјекано.
Резултати: Реал М. – Гранада 2:0, Валјадолид – Вилјареал 1:0, Валенсија – Еспањол 2:2, Севилја – Леванте 2:3.

Денеска на програмата: Алмерија – Гетафе, Осасуна – Атлетик Б., Р.Валјекано – Атлетико М., Барселона – Малага.