Реал (М) само малку се испоти, Севилја убаво се сопна

Пласман во следната, 1/8 финална рунда од Купот на Шпанија, обезбеди и вториот фаворит за шампионскиот пехар тимот на Реал (М), кој не дозволи никакво изненадување на “Сантијаго Бернабеу” и сосема заслужено со 2:0 го победи и елиминира нисколигашот Олимпик.

Од фаворитите, пласман во следната рунда обезбеди и тимот на Атлетико (М), а непријатна елиминација доживеаа фудбалерите на Севилја.

Резултати:
Алмерија – Лас Палмас 0:0 (вкупно 3:1),
Атлетико М. – Сант Андреу 2:1 (6:1),
Бетис – Леида 2:2 (4:3),
Сосиедад – Алхесирас 4:0 (5:1),
Реал М. – Олимпик 2:0 (2:0),
Севилја – Сантандер 0:2 (1:2).