Реал (М) во очај после големиот кикс во Валјадолид

Со новиот неочекуван кикс, освоија само еден бод во заостанатиот дуел против домашниот тим на Валјадолид, фудбалерите на Реал (М) најверојатно ставија крај на сите надежи кога е во прашање борбата за шампионската титула во шпанската Примера дивизион.

Избраниците на Карло Анчелоти имаа обврска да забележат триумф на незгодното гостување, но целата ситуација доби сосема поинаков тек во 8 минута, кога поради посериозна повреда од игра беше повлечен најдобриот фудбалер во дресот на „кралскиот клуб”, Кристијано Роналдо.

Реал (М) дојде до посакуваното водство во 35 минута со прекрасниот погодок на Серхио Рамос, а израмнувачкиот погодок, постигнат во 85 минута беше дело на Хумберто Осорио.

На две кола до крајот на актуелната сезона, Реал (М) има четри бода побалку од лидерот на првенствената табела, тимот на Атлетико (М) и еден бод помалку од каталонскиот гигант Барселона.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.