Реал Мадрид го задржува голманскиот двоец Касиљас-Лопез

Раководните лица на најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизион, Реал Мадрид, пред неколку дена имале состаок на кој било одлучено и во новата клупска сезона голаманските позиции да бидат резервирани за двоецот Икер Касиљас – Диего Лопез.

Иако постојано беше пласирана шпакулацијата дека Касиљас ќе побара трансфер за време на летниот преоден рок, челниците на “кралскиот клуб” донеле одлука дека ќе нема никаква промена кога е во прашање голамнската позиција, дека нема да биде купен нов голам за време на летниот преоден рок и дека тренерот ќе ги има последниот збор околу тоа кој ќе брани во домашниот шампионат, а кој во Лигата на шампиони.

Под водство на трофејниот италијански стручњак, Карло Анчелоти, Лопез има статус на стандарден првотимец кога се во прашање натпреварите од Примера дивизион, а Икер Касиљас ги брани натпреварите од Лигата на шампиони.