Реал Мадрид и Јувентус се пласираа во полуфиналето од ЛШ

Фудбалерите на Реал Мадрид и Јувентус на идентичен начин се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите откако го елиминираа Атлетико Мадрид, односно Монако. Двата тима со минимални победи на домашен терен од 1:0 (на гости одиграа 0:0) си го продолжија престојот во елитното натпреварување.

Иако кај “Кралевите” недостасуваа повеќе стандардни првотимци, пред се Модриќ, Бејл, Бензема и Марсело, сепак успеаа да слават со минимални 1:0, тоа на крајот беше доволно за пласман во полуфиналето.

Избраниците на Карло Анчелоти беа подобар противник и на реваншот, но сепак голманот на Атлетико Јан Облак и на овој натпревар покажа дека се работи за вистинска класа од голман, откако повеќепати го спасуваше својот гол.

Единствениот гол беше дело на Хавиер Ернандес – Чичарито кој погоди во 88-та минута по асистенцијата на Кристијано Роналдо.

“Јорганџиите” мечот го завршија со играч помалку бидејќи во 76-тата минута Арда Туран заработи втор жолт, односно црвен картон.

Шампионот на Италија се најде помеѓу четирите најдобри екипи во Европа оваа година благодарејќи на победата од 1:0 на домашен терен, бидејќи на гостувањето во Монако одигра без голови 0:0.

Јувентус одолеа на нападите на домаќинот, кој на овој натпревар беше поконкретен, но сепак никако не успеваше да го пронајде патот до мрежата на Џанлуиџи Буфон.

Ова е прв пат Јувентус да игра во полуфинале по сезоната 2002/2003.

Претходно пласман во оваа фаза обезбедија Барселона и Баерн Минхен, а ждрепката ќе се одржи во петок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.