Реал Мадрид и Макаби ќе играат за титулата во Евролигата

Кошаркарите на Реал од Мадрид и Макаби Телавив ќе играат за титулата во Евролигара.

Кралевите во финалето на фајнл форот што се одржува во Милано се пласираа, откако во полуфиналето го декласираа вечниот ривал Барселона со 100:62

Серхио Родригез со 21 поени и Никола Миротиќ со 19 кошеви го предводеа Реал Мадрид до убедливиот триумф, а кај Барселона единствен кој беше поентерски на висина на задачата, хрватскиот интернационалец Анте Томиќ со16 кошеви.
Израелците, пак во утрешното финале се пасираа откако во драматичен и неизвесен натпревар до крајот ја совладаа ЦСКА Москва со 68:67.