Реал Мадрид може да ги заборави Родригез и Фалкао

Потпретседателот на францускиот гигант Монако, Вадим Васиљев, експресно ја демантираше пласираната шпекулација од шпанските медиуми дека колумбиските интернационалци, Џејмс Родригез и Радамел Фалкао во новата клупска сезона ќе го носат дресот на актуелниот европски клупски шампион, Реал (М).

“Не станува ниту збор за такво нешто. Не сме почнале да преговараме, ниту пак имаме таква намера. Фалкао и Родригез остануваат во Монако. Се радуваме што ќе го имаме Радамел Фалкао опоравен за следната сезона, а многу ни е драго што Џејмс Родригез блесна на мундијалот во Бразил. Сите зборуваа дека за него сме дале многу пари за да го купиме, но тој е еден од најдобрите играчи во светот, а сега тоа и го докажа. Уште еднаш да потенцирам, Монако не преговара за нивна продажба“, изјави Васиљев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.