Реал Мадрид на колена пред Интер

Неуспешен старт на подготовките во САД имаше актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), кој по лошо ќе го памети првиот натпревар од Интернационалниот Гинис Куп 2014.

Дуелот помеѓу шпанскиот гигант и италијанскиот калчолигаш Интер заврши без победник во регуларните 90 минути, а повеќе среќа во најмалку посакуваниот пенал-рулет имаа избраниците на Валтер Маѕари.

Европскиот клупски шампион дојде во водство со прекрасниот погодок на најскапо купениот фудбалер на денешницата, велшкиот интернационалец Герет Бејл, а во 69 минута, аргентинскиот интернационалец, Мауро Икарди успешно го изведе ударот од белата точка.

За Реал (М) ударот од белата точка во погодок го претворија Лукас и Начо, а го промашија Иско, Илараменди и Маскарел, додека за Интер, поромашија Нагатомо и М’Вила, а погодоија Видиќ, Хуан и Икарди.