Реал Мадрид нуди 100 милиони евра за Икарди

Актуелниот европски фудбалски шампион Реал Мадрид е подготвен да му понуди на милански Интер дури 100 милиони евра за аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди.

Шпанските медиуми објавуваат дека претседателот на „Кралскиот клуб“, Флорентино Перез веќе започнал преговори со раководството на Интер кое не сака да го продаде својот најдобар играч, но можеби ќе мора тоа да го стори за да ги задоволи правилата на финансискиот фер-плеј.

Се наведува и дека за 25-годишниот Аргентинец е заинтересиран и лондонски Арсенал, меѓутоа понудата на Реал Мадрид е далеку „поинтересна“.

Икарди е роден во Розарио, но уште на шестгодишна возраст се преселил во Шпанија. Фудбалската кариера ја започнал во нисколигашот Викендарио во чиишто помлади селекции постигнал повеќе од 500 голови.

Пред точно десет години го забележале скаутите на Реал и на Барселона, но и на Ливерпул и на Арсенал. Сепак, каталонскиот клуб беше најпривлечен за младиот Аргентинец и Икарди потпиша договор до 2013 година.

Меѓутоа, во јануари 2011 година беше испратен како позајмен играч во италијанска Сампдорија, којашто потоа го откупи неговиот договор за 400.000 евра. Во Интер се пресели во јуни 2013 година и досега во неговиот дрес постигна 10о голови на 172 официјални натпревари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.