Спорт

Реал Мадрид се соочува со истата забрана како и Барселона ?!

Реал Мадрид се соочува со истата забрана како и Барселона ?!

По Барселона, и Реал Мадрид би можел да се соочи со забрана за трансфери во некои од следните преодни рокови.

Имено, според мадридскиот весник “Ас”, кој важи за близок до “кралскиот” клуб, ФИФА покренала истрага со која ќе се утврдуваат неправилности во трансферите на фудбалери под 18 години.

eal

На барање на ФИФА, шпанската фудбалска федерација ќе треба да ги предаде документите на сите трансфери кои Реал Мадрид ги извршил во последните 5 години, а по прегледувањето на истите ќе се знае и следниот чекор на Светската куќа на фудбалот.

Дали и мадридскиот гигант ќе го снајде истата судбина како Барселона, ќе одлучуваат првите луѓе на светскиот фудбал.