сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Реал Мадрид се врати на првото место во Примера

Екипата на Реал Мадрид со победата од 2:1 остварена синоќа над Бетис се врати на првата позиција на табелата во Примера и го искористи киксот на големиот ривал Барселона.

133606821

Поврзани вести

Бетис поведе по грешката на голманот на Реал, Кејлор Навас, кој си постигна автогол во 25.минута. Во 41.минута Кристијано Роналдо изедначи, а победата на „кралскиот клуб“ ја донесе Серхио Рамос во 81.минута.

Резултати на натпреварит од 27.коло:
Депортиво Ла Коруња – Барселона 2:1,
Реал Сосиедад – Атлетик Билбао 0:2,
Гранада – Атлетико Мадрид 0:1,
Малага – Алавес 1:2,
Севиља – Леганес 1:1,
Валенсија – Хихон 1:1,
Еспањол – Лас Палмас 4:3 и
Селта – Виљареал 0:1.

Вечерва се игра натпреварот Осасуна – Еибар.

Табела: Реал Мадрид 62 бода, Барселона 60, Севиља 57, Атлетико Мадрид 52, Виљареал 48, Реал Сосиедад 48, Атлетик Билбао 44

Најчитани вести