Реал Мадрид со многу среќа стигна до победа против ПСЖ, Сити сигурен на гостувањето во Севилја

Реал со многу среќа стигна до победата против ПСЖ

Реал Мадрид со победата над ПСЖ практично го обезбеди првото место во групата А, а Манчестер Сити со лесниот триумф над Севилја ќе биде најмалку втор во групата Д.

Дефинитивно највозбудливо ќе биде во групата Б, каде Јунајтед е лидер со седум бода, а зад него следат ПСВ и Волфсбург со шест, како и ЦСКА која има четири бода. Бенфика и Атлетико Мадрид се речиси сигурни патници во следната фаза од групата Ц.