Спорт

Познати сите претенденти за наградата „Златна топка“ Реал Мадрид со најмногу кандидати за најпрестижното признание за фудбалер на годинатa

Реал Мадрид со најмногу кандидати за најпрестижното признание за фудбалер на годинатa

Влијателното француско спортско списание France Football ги објави имињата на сите 30 номинирани фудбалери коишто конкурираат за најпрестижната фудбалска награда „Златната топка“.

Имињата на претендентите излегуваа периодични во текот на целиот вчерашен ден, во групи од петмина.

Номинирани се: Лука Модриќ, Марсело, Серхио Рамос, Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Иско и Тони Крос (Реал Мадрид); Паоло Дибала и Џанлиуиџи Буфон (Јувентус); Нејмар, Килјиан Мбапе и Единсон Кавани (ПСЖ), Н’Голо Канте и Еден Азар (Челзи); Луис Суарез и Лионел Меси (Барселона), Јан Облак и Антоан Гризман (Атлетико Мадрид); Филипе Кутиньо и Садио Мане (Ливерпул); Дрис Мертенс (Наполи); Кевин де Бруин (Манчестер Сити), Роберт Левандовски (Баерн Минхен); Давид де Геа (Манчестер Јунајтед); Хари Кејн (Тотенхем); Един Џеко (Рома); Радамел Фалкао (Монако); Пјер-Емерик Обамејангнг (Борусија Дортмунд), Матс Хумелс (Баерн Минхен); Леонардо Бонучи (Милан).

Прв фаворит за наградата е Кристијано Роналдо кој го предводеше Реал до титулите во Лигата на шампионите и шпанската Примера. Ако Португалецот повторно да ја добие наградата тоа ќе биде петта „Златна топка“ за него и би се израмнил со Лионел Меси.