Реал Мадрид тргнува по Теодосиќ

Се погласни се шпекулациите околу заминувањето на Серхио Љуљ и Серхио Родригез во НБА лигата, па токму поради ова и раководството на Реал Мадрид веќе почна да прави список со евентуални засилувања.

Прв на таа листа е бекот на ЦСКА Москва, Милош Теодосиќ кој е фаворит за засилување на плејмејкерската позиција во “кралскиот клуб”. Воедно Србинот е и еден од најдобрите кошаркари на “армејците”, па неговото ангажирање ќе биде навистина тешка задача за мадриѓаните.

Инаку и двата тима се пласираа на Ф4 турнирот кој ќе се игра во Мадрид, а големи се шансите токму овие два тима да се сретнат во финалето, по што “домаќините” ќе можат на “своја кожа” да почувствуваат дел од репертоарот на Теодосиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.