Реал му понудил на Роналдо нов договор, со откупна клаузула од милијарда евра

Актуелниот европски фудбалски шампион мадридски Реал му предложил нов договор на својот ас Кристијано Роналдо нов договор, пишува во саботата изданието Mundo Deportivo, откако во четвртокот португалскиот дневен весник Record објави дека Португалецот донел „неповратна“ одлука да го напушти „кралскиот клуб“.

Годишната плата за Роналдо, според новиот договор, би изнесувала 32,5 милиони евра, а основната плата на 33-годишниот напаѓач би изнесувала 25 милиони евра. Раководството на Реал изразило подготвеност на Португалецот да му исплати и премии: два милиона евра за освојувањето на Лигата на шампионите, 1,5 милиони евра за титула во шпанското првенство, милион евра за добивање на признанието Златна топка и милион евра за освојување на националниот Куп на кралот.

Шпанското издание пишува, исто така, дека откупната клаузула за Роналдо со новиот договор би изнесувала милијарда евра. И Mundo Deportivo истакнува дека фудбалерот има намера да го напушти клубот додека годишната плата не му биде зголемена на 40 милиони евра.

Претходно во четвртокот португалскиот дневен весник Record пишуваше дека причината на Роналдо да го напушти Реал е неисполнетото ветување на претседателот на клубот Флорентино Перез дека ќе го награди за успесите со зголемување на платата.

Претходно шпанските медиуми пишуваа дека Роналдо бара плата од дури 75 милиони евра годишно и шестгодишен договор благодарејќи на кој би ја завршил кариерата во Мадрид на 40 години. Тоа би значело дека со 30 милиони поголема плата би бил најдобро платениот фудбалер на светот, пред Аргентинецот Лионел Меси кој во Барселона заработува 55 милиони и Нејмар кој во ПСЖ добива 38 милиони евра.

Роналдо веднаш откако Реал по третпат последователоно ја освои Лигата на шампионите изјави дека му „било убаво во кралскиот клуб“ што го предизвика интересот на Пари Сен Жермен и неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

Во штотуку завршената сезона 2017/18 Реал третпат во низа стана победник на Лигата на шампионите совладувајќи го финалето во Киев, англиски Ливерпул со 3:1, но во домашното првенство заостана многу бодовно зад шампионот и најголемиот ривал Барселона, а беше елиминиран и од националниот куп. Минатата сезона Португалецот во сите натпреварување одигра 44 натпревари на коишто постигна 44 голови и забележа осум асистенции.

Роналдо во Реал дојде во 2009 година од Манчестер Јунајтед за кој играше од 2003 година. Тој е петкратен освојувач на Лигата на шампионите и четири пати го доби признанието за најдобар фудбалер на годината Златната топка, беше победник на куповите и суперкуповите во Шпанија и Англија, како и во националните првенства, освојувач е клупското светско првенство и на Суперкупот на УЕФА. Со репрезентацијата на Португалија, со којашто за една седмица ќе настапи на светското првенство во Русија, го освои Европското првенство во 2016 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.