Спорт

Реал не победува во Италија

Реал не победува во Италија

Дали сте знаеле дека Реал Мадрид цели десет години нема триумфирано на италијанско тло? Или дека Јувентус ретко губи натпревари од шпански екипи кога игра пред своите гледачи? За овој и за останатите интересни податоци за дуелите меѓу вечерашните полуфинални противници во Лигата на шампиони, прочитајте во продолжение.

-Овие два тима последен пат се сретнаа во ланската групна фаза од ЛШ, Реал славеше со 2-1 на домашен терен, додека мечот во Торино заврши без победник, со резултат 2-2.

-Јувентус на домашен терен има биланс од пет победи, едно реми и еден пораз од Реал Мадрид.

– Јувентус и Реал Мадрид играа во финалето од ЛШ во 1998 година, славеа „кралевите“ со 1-0 со голот на Предраг Мијатовиќ, со што се закитија со својата седма европска круна.

– Последен пат овие две екипи се сретнаа во нокаут фазата на ЛШ во 2003 година. На првиот меч славеше Реал Мадрид со 2-1,но Јувентус со победата од 3-1 на реваншот стигна до пласман во големото финале.

– Јуве досега загубил само две средби на домашен терен од ривали од Шпанија, од Реал Мадрид во 1962 и од Ла Коруња во 2004 година.

– „Старата дама“ е без пораз на последните дванаесет средби на домашен терен, а сезонава славеше на четири од петте средби што ги одигра пред своите гледачи.

– Реал Мадрид е без примен гол во последните 444 минути од настапите на гостински терен во ЛШ, откако Касилјас капитулираше на мечот со Лудогорец во Софија.

– Реал е без победа на последните седум меча на Апенинскиот полуостров, откако во 2005 година славеше со 0-3 над Рома. Последните три меча на „кралевите“ на италијанско тло завршиле без победник.