Реал по сигурното водство мораше да се вади против Малага

Фудбалерите на европскиот и шпанскиот првак Реал Мадрид со тешка мака славеа во 13-то коло од ПРемиер лигата на својот стадион „Сантјаго Бернабеу“ против Малага со 3:2.

Реал избегна ново бламирање пред своите навивачи бидејќи 18-пласиранта Малага имаше 2:2 сѐ до петнаесет минути до крајот на мечот кога бекот на гостите гЛуис Хернандез во својот казнен простор го собори Лика Модриќ кој во 62 минута го замени Иско. Кристијан Роналдо лошо го изведе пеналот, но топката се одби право во неговите нозе и Реал славеше.

Карим Бензема во 9 и Каземиро во 21 минута беа стрелци за „кралевите“ во првото полувреме, но жилавата Малага, којашто во претходните 12 кола постигна само осум голови, успеваше двапати да израмни преку Диего Ролан во 18 и Гонзало Кастро во 58 минута.

Реал и натаму е трет со 27 бодови, седум помалку од водечката Барселона и три од Валенсија.

Во претходно одиграниот натпревар во саботата Еибар славеше кај Алавес со 2:1. Головите за гостите ги постигнаа Жордан во 33 и Чарлс во 69 минута, додека за домашните прецизен беше Бурхи во првата минута од судиското продолжение.