Спорт

Ла Лига Реал подобар во голеадата против Бетис

Реал подобар во голеадата против Бетис

Актуелниот фудбалски првак на Шпанија, мадридски Реал го совлада во 24-то коло од домашниот шампионат Бетис во Севилја со 5:3, иако настапи без клучниот играч сезонава, хрватскиот интернационалец Лука Модриќ.

Реал поведе уште во 11 минута по ударот на Кристијано Роналдо кој го одбрани домашниот голман Алан, но на одбиената топка реагираш одлично со глава Марко Асенсио. Но во следните три минути следеше пресврт на Батис, Аиса Мандо со глава израмни во 34 минута, а веќе во 37 минута, бекот на Реал, Начи ја затресе сопствената мрежа. Во 53 минута резултатот на почеток го врати Серхио Рамос, а во 59 минута Асенсио му носи повторно водство на „кралскиот клуб“. Во 65, минута во листата на стрелците се запиша и Роналдо, но домашните не се предаваа и во 85 минута намалија на 3:4 преки Серхио Леон. Конечните 5:3 за Реал ги постави Карим Бензема во судиското продолжение.

Во претходно одиграниот натпревар Еспањол и Виљареал одиграа 1:1. Роберто Ернандез во 25 минута ги доведе во водство гостите, а домашните ги спаси Грањеро на пет минути до крајот.

Претходно на својот стадион „Метрополитано“ Атлетико Мадрид го совлада Атлетик Билбао со 2:0. Стрелци беа Кевин Гамеиро во 67 и Диего Коста во 80 минута. Реал Сосиедад во првиот неделен термин со 3:0 го совлада Леванте.

На врвот во Примера е сѐ уште непоразената Барселона со 62 бодови, седум повеќе од првиот придружник Атлетико Мадрид, Валеснија е трета со 46 бодови, а ја следи со бод помалку Реал Мадрид кој има и натпревар помалку.