Спорт

Реал повторно на минус два бода од Барселона, победи забележаа Севиља и Атлетико Мадрид

Реал повторно на минус два бода од Барселона, победи забележаа Севиља и Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид ја оправдаа фаворитската улога на дуелот со Алмерија и ја вратија негативата на табелата на само два бода во однос на лидерот Барселона.

“Кралевите” долго се мачеа да го скршат отпорот на аутсајдерот, но тоа конечно му успеа Хамес Родригез во 44-та минута од првиот дел.

Само што почна второто полувреме, Дос Сантос ја затресе сопствената мрежа за 2:0 во корист на Реал, а конечните 3:0 ги постави Арбелоа во 84-тата минута.

Синоќа гостински победи забележаа другите две екипи од горниот дел на табелата, Атлетико Мадрид и Севиља.

Резултати на досега завршените средби од 34.коло во шпанската Примера: Барселона – Хетафе 6:0, Леванте – Кордоба 1:0, Атлетик Билбао – Сосиедад 1:1. Еибар – Севиља 1:3, Реал Мадрид – Алмерија 3:0, Селта Виго – Малага 1:0, Елче – Ла Коруња 4:0 и Виљареал – Атлетико Мадрид 0:1.

Колото ќе се комплетира вечер со натпреварите Рајо Ваљекано – Валенсија и Гранада – Еспањол.

Табела: Барселона 84 бод, Реал Мадрид 82, Атлетико Мадрид 75, Севиља 69, Валенсија 68…