Реал рутински со Еибар

Во средбата од 9-то коло на шпанското фудбалско првенство, актуелниот првак Реал Мадрид на својот „Сантијаго Бернабеу“ рутински со 3:0 го совлада Еибар, а претходно Атлетик Мадрид славеше кај Селта Виго со 1:0.

Головите за мадридските „кралеви“ ги постигнаа, автогол на Паоло Оливеира во 18 минута, Марко Асенсио во 28 и Марсело во 82 минута, со што Еибар останува на чекор од зоната за селидба во понизок ранг, 16-ти е со 7 бодови.

Победа во неделата оствари и Атлетико Мадрид, кој на гостувањето со голот на Кевин Гамеиро во 28 минута ја совлада Селта Виго, којашто остана на 10-то место со 11 бодови. Атлетико, пак, сега се приклучува на водечките тимови и е 4-ти со 19 бодови, еден помалку од третопласираниот градски ривал Мадрид.

На врвот од првенствената табела е Барселона со 25 бодови, а со четири помалку ја следи Валенсија.

Леганес, исто така, во неделата со голот на Бову во 54 минута го совлада Атлетик Билбао, и со 17 бодови се држи на високото петто место. Баскијците, пак, се 11-ти со исто толку бодови.

Виљареал беше убедлив против Лас Палмас со 4:0. Домашните до победата дојдоа откако првото полувреме заврши без голови, преку Бкамбу во 48, Гаспар во 65, автоголот на Наваро во 67 и голот на Сансоне во третата минута од судиското продолжение.

Виљареал со новите три бода е на шестата позиција на табелата со 16 бодови, додека Лас Палмас го очекува тешка борба за опстанок, моментално е 18-ти со 6 бодови.

Колото во понеделник ќе го заокружат дуелите меѓу Реал Сосиедад и Еспањил, како и Депортиво кој се среќава со Гирона.