Реал се “испазари” со Порто – Данило потпиша за “кралскиот клуб”

Договорот кој долго време беше во доменот на шпекулации, синоќа конечно се оствари.

Бразилецот Данило потпиша за Реал Мадрид и од следната натпреварувачка сезона ќе настапува во “кралскиот клуб”. Според информациите кои пристигнаа од Шпанија, висината на трансферот изнесува 31,5 милиони евра, од кои 10 милиони ќе бидат уплатени веднаш, а останатите на неколку еднакви рати.

Сеуште актуелниот играч на Порто ќе пристигне како прва опција за позицијата десен бек, откако Карвахал и Арбелоа играат на ниво кое не ги задоволува челните луѓе на “Сантијаго Бернабеу”.