Реал со понуда од 60 милиони евра за Фалкао

Иако во последните денови медиумите пишуваа дека Јувентус е во поповолна позиција за потписот на Радамел Фалкао и дека сака да го донесе на позајмица, сепак денес Реал Мадрид му ги помати плановите со понуда од 60 милиони евра.

Откако Реал Мадрид го продаде Ди Мариа во Манчестер Јунајтед, Флорентино Перез очигледно е подготвен заработената сума од Аргентинецот да ја потроши за нов напаѓач.

Фалкао по секоја цена сака да замине од Монако, па дури во Кнежевството се разгледуваше можноста да биде пуштен на позајмица, но Реал Мадрид е спремен да искешира 60 милиони евра за да го донесе Колумбиецот на „Сантиаго Бернабеу“.
Француските медиуми тврдат дека понудата пристигнала попладнево и дека во наредните денови трансферот ќе биде и официјално комплетиран.