Реал Сосиедад ја совлада Севилја, Вела стрелец на збогувањето

Во мечот од 17-то коло на шпанското фудбалско првенство Реал Сосиедад ја победи Севилја со 3:1, а последниот погодок за домашните постигна Карлос Вела кој по пет години го напушта клубот.

Сосиедад до победата стаса со головите со Бариди во 17, Зубелди во 76 и Вела во 90 минута, додека погодокот за гостите го постигна Бен Једер во 44 минута.

Последниот гол на мечот го постигна Мексиканецот Карлос Вела, кој по пет години ќе го напушти Сан Себастијан и кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес.

Во втората средба во средата вечерта Хетафе со головите на Кала во 6 и Диеду во 15 минута го солада Лас Палмас со 2:0.

Во вторникот во првиот натпревар од 17-то коло на шпанското фудбалско првенство Левантес и Леганес во Валенсија одигра со најнепопуларниот резултат 0:0.

Натпреварите од колото се играат од вторникот до сабота, кога ќе биде одиграно и „Ел Калсико“, во кој светскиот клупски првак Реал Мадрид ја пречекува водечката Барселона. Мечот е на распоред во сабота, 23-ти декември, од 13 часот, невообичаен термин за Шпанија но погоден за телевизискиот аудиториум на Далечниот исток.