Реализацијата проблем на Македонија и во дуелот против Катар

Без победник и без погодоци заврши пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Катар, кој беше одигран во италијанскиот град Риети.

И покрај доминацијата и подобрата игра во поголемиот дел од натпреварот, избраниците на Бошо Ѓуровски не го најдоа патот до противничкиот гол, но и вториот пријателски натпревар одигран во последните неколку дена даде јасен сигнал дека ефикасноста и поната му најголем проблем на нашиот национален тим.

„Генерално позитивно е што добивме неколку играчи за во иднина. Денеска игравме храбро, свесно презедовме ризик и вистинска штета е што не реализиравме. Среќата беше на страна на Катар. Реализацијата е нашиот проблем, техничкиот потег одлучува натпревар, ние денеска го немавме, но се надевам дека на важните дуели ќе бидеме на вистинско ниво и во тој дел”, изјави по натпреварот селекторот на Македонија.

На пријателски дуел против Катар, за Македонија настапија следните фудбалери: Наумовски (Ефремов 46’), Георгиевски (Тодоровски 74’), Грнчаров (Дамчевски 46’), Ристевски, Цуцули, Спировски, Абдурахими (Велковски 61’), Трајковски (Маневски 74’), Ибраими (Илијоски 64’), Тричковски (Сулејманов 64’ – Бабунски 78’), Костовски (Јаховиќ 59’).