Реални се ЕУ проекциите за засилен економски раст

Прогнозите на Европската комисија не се силни, пред се’ се реални базирани на еден стандарден и долгогидишенн наназад пораст и на Бруто домашниот производ, нормално и по глава на жител но и зголеменото ниво на инвестиции, како странски така и домашни инвестиции кои дефакто овозможуваат и зголемување на бројот на вработени лица, изјави универзитетскиот професор Сашо Кожухаров за вестите на МТВ.

Според професорот Кожухаров во Македонија се почеста е практиката на прекфалификација на невработените лица која наиде на добар прием и ка невработените лица и вклучување и во странските инвеститори кои бараат истренирана и обучена работна сила, и готови и спремни работници кои ќе придонесат за зголемување и на нивната благосостојба и на благосостојбата на инвеститорите.

-Кај нас трендот што го забележуваме ни овозможува зголемување на вкупниот не само физички обем на производство туку и обемот искажан вредносно што де факто е зголемување на БДП, заклучува Кожухаров.

Тој смета дека стапката што е проектирана реално е остварлива од 3,6 на 3,8 на постојната база на БДП, и ќе се овозможи не само преку зголемување на јавниот долг, и тоа е предвидено, туку и преку зголемувањето на БДП со предвидените проекции ќе овозможи и понатамошно инвестирање.

-Граѓаните во Македонија ќе може да очекува поголема или како што ние економистите велиме, акцелерирана побарувачка, односно зголемување на можноста за задоволување на нивните преференции, односно задоволување на нивните потреби, задоволување на побарувачката како од страна на граѓаните така и на останатиот сектор, така и на јавниот и приватниот сектор, вели Кожухаров за МТВ.