Решени повеќе проблеми на граѓаните за време на посетата на премиерот

Премиерот Груевски доцна во нoќта ја заврши вчерашната обиколка на населените места во велешко. Тој низ директни средби со граѓаните на Башино Село, Караслари и Црквино разговараше за потребите, решаваше проблеми и ги слушаше нивните мислења.

sredbigruevski22

Груевски заедно со градоначалникот на Велес Славчо Чадиев го пушти во употреба системот за водоснабдување во село Црквино, каде оствари и средба со жителите.

Системот за водоснабдување се состои од каптажа, доводен цевковод, собирен резервоар со пумпна станица, потисен цевковод, резервоар за вода со опфат од 100 метри кубни, селска разводна мрежа. Изградбата на резервоарскиот простор беше комплетно изведена со средства одобрени од Министерството за транспорт и врски,а наредна фаза е обезбедување на приклучок на домаќинствата.

На средбата, меѓу другото се разговараше и за изградба на игралиште, кое ќе се прави со заеднички ангажман на општината и АМС во втората половина на наредната година. Наредните две недели ќе бидат направени банкини и обележување на патот што беше посочено како голем проблем за жителите.

За експресната реакција на институциите граѓаните искажаа голема благодарност.

Во вчерашната богата агенда на Груевски беше и посетата на селото Караслари каде пушти во употреба повеќенаменско игралиште.

Жителите упатија огромна благодарност за фабриката „Маркарт“ која инвестираше во зоната Караслари, при што градоначалникот Чадиев најави дека има интерес за уште две други компании да инвестираат.

Беше договорена средба со земјоделец кој се интересира да закупи државно земјиште, при што од заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски беше истакнато дека набрзо се очекува јавен повик за закуп и оти на состанокот во ресорното Министерството ќе му бидат објаснети сите детали.

Истовремено на барање на жителите втората половина на идната година ќе се направи и пристапен пат важен за жителите на ова село.

Во Башино село Месната заедница истапи со барање за Спортската академија, што е формирана лани, децата од Башино Село и Велес да добијат нова опрема, зајакната исхрана и стипендии. Премиерот Груевски веднаш му се јави на заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и се договори решавање на проблемот.

Жителите побараа и игралиште, на што директорот за Агенција за млади и спорт Марјан Спасески рече дека го имаат предвидено во нивната програма за 2016 година. Игралиштето ќе почне да се гради во јануари 2016 година.

Во Башино Село жителите побараа побрзо да се обезбедат дозволите за градба на мостот, на што премиерот рече дека во мај или јуни ќе почне да се гради.

Жителите со благодарност за активната улога на локалната самоуправа која излегува во пресрет на барањата на жителите и со кој се решаваат значајни проблеми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.