среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 54

Рецепт: Чоколадна торта без брашно

Ова е рецепт за домаќинки почетнички, за оние што не се сеуште вешти во готвењето.

tortaa

Поврзани вести

Ова е рецепт за домаќинки почетнички, за оние што не се сеуште вешти во готвењето.

Состојки:

  • 340 грама путер
  • 340 грама шеќер во прав
  • 10 јајца
  • 160 грама црна чоколада со најмалку 40 отсто како
  • 160 грама мелени ореви
  • 3 лажици какао

Подготовка:

Стопете 170 грама путер, додадете 170 грама шеќер во прав и се добро измиксајте. Растопете на пареа 80 грама чоколада. Во меѓувреме одвоете ги жолчките од белките. Ѓолчките додавајте ги една по една со смесата со путер и шеќер и потоа додадете ја стопената чоколада и измешајте ја, па на крајот додадете 80 грама мелени ореви и една по една лажичка какао.

Белките изматете ги во шлаг, па лажица по лажица додавајте ги претходната смеса со лесно мешање. Загрејте ја рерната на 180 степени, смесата префрлете ја во калап за торта и печете околу 20 до 25 минути.

Вториот дел од тортата се прави од истата смеса, која не е печена туку варена, а на овој начин се добива кремаста текстура. Измиксајте 5 цели јајца и 170 грама шеќер во прав и една по една лажичка какао. Варете на пареа околу 20 минути со често мешање, додека смесата не се згусне.

Потоа во сварената смеса додадете 80 грама чоколада, и растопете ја со мешање. Тргнете од пареата и додадете 170 грама путер исечен на коцкички и мешајте се додека не се соедини со смесата па по желба додадете 80 грама мелени ореви.

Топлата смеса прелејте ја преку печениот бисквит, оставете неколку часа во ладилник и послужете со слатка павлака.

Најчитани вести