петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 43

Рецепт: Џелато Италиано – сладолед по рецепт на врвните мајстори

cokoladni-sladoled-1466171791-90324

Поврзани вести

Еве еден рецепт за тоа како да го подготвите омилениот летен десерт по рецептот на врвните италијански мајстори.

Состојки:

  • 1 дл слатка павлака
  • 1 дл млеко
  • 3 жолчки
  • Јајце
  • 50 гр шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1, 5 лажичка глукозен (корн) сируп
  • 70 грама чоколада

Подготовка:

Жолчките, јајцето и половина од шеќерот (25 грама) сварете ги на пареа со постојано мешање (да не се направат грутки). Смесата е готова кога ќе стане многу густа, како густ пудинг. Млекото, слатката павлака, остатокот од шеќерот и екстрактот од ванила ставете ги во тенџере и оставете да проврие, со повремено мешање.

Смесата од жолчки ставете ја на пареа, а смесата од млеко полека налевајте ја со постојано мешање, се додека смесата не се соедини. Оставете и понатаму на пареа и додадете глукозен сируп и стопена чоколада. Кога се ќе се соедини, тргнете го од пареа, оставете малку да се олади, па потоа ставете во ладилникот.

На секои десет минути вадете го сладоледот од ладилникот, промешајте со дрвена лажица па повторно вратете го во ладилникот.

Кога масата ќе почне да се згуснува така што ќе останува на лажицата, смесата процедете ја низ цедилка и ставете ја во пластичен сад и ставете ја во замрзнувач. На се кои половина час промешајте го сладоледот (за да не се направат кристали мраз). Замрзнувањето трае околу 4 часа. Сладоледот на крај треба да биде хомоген и кремаст.

Напомена: Оваа мера е наменета за две порции сладолед, ако сакате повеќе, пропорционално зголемете ја количината на состојките.

Најчитани вести