Рецепт: Интегрален леб

Еве еден мошне едноставен рецепт како самите дома да подготвите вкусен, домашен, интегрален леб…

Состојки:

-450 грама интегрално брашно

-1 кесичка сув квасец

– 1, 5 лажичка сол

– 1 лажичка шеќер

-450 мл млака вода

Подготовка:

Во филџан ставете 1 ќесичка сув квасец, додадете 1 кафена лажичка шеќер и 1 децилитар млака вода. Размешајте со помош на вилушка и оставете на топло место околу 3- 4 минути за квасецот да „проработи“ и да пушти пена.

Во сад за мешање просеет 450 грама интегрално брашни, а од ситото да ги пресипете и меките делови што останале по сеењето. Направете дупка во средината на брашното. По краевите ставете 1, 5 лажичка сол. Во средината истурете ја водата со квасец а потоа и преостанатите 350 мл млака вода. Со помош на дрвена лажица мешајте додека да се соединат сите состојки.

Тестото за овој леб не се меси, туку треба да остане влажно и лепливо. Важно е само тестото добро да се измеша со дрвена лажица.

Земете мал правоаголен плех со димензии 15 x 35 см или кружен со дијаметар од 16 цм, обложете го со хартија за печење и ставете го тестото. Прекриете го со чиста, сува крпа и оставете го на топло место околу 20 – 30 минути додека количината на тестото во плехот да се удвои. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 до 45 минути.

Напомена:

Доколку немате од наведените плехови, ставете во било каков плех обложен со хартија, почекајте тестото да нарасне па печете.

Иако во рецептот е наведено само интегрално брашно вие можете да комбинирате какво сакате брашно. Можете да семете 350 грама чисто ќржано брашно и 100 грама меко бело брашно.

Во тестото можете да додадете и семки по желба, а можете да ставите и врз лебот. Премачкајте го тестото со малку млака вода, истурете семчиња и благо втиснете ги во тестото, па оставете го да нарасне.