понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 50

Рецепт: Исчистете го лицето со сода бикарбона

Ако не ги чистите запушените пори тие се претвораат во црнки, акни и мозолчиња и затоа е неопходно од време на време да се чистат.

maska-lice

Поврзани вести

Ако не ги чистите запушените пори тие се претвораат во црнки, акни и мозолчиња и затоа е неопходно од време на време да се чистат.

Секојдневно порите на лицето се запушуваат со маснотии, изумрени клетки, а нечистотијата и прашината стигаат на кожата на лицето секој пат кога ќе излезете надвор. Ако не ги чистите запушените пори, тие се претвораат во акни и мозолчиња и затоа е неопходно, од време на време да ги чистите.

За да го направите ова немора задолжително да одите на козметичар. Ова можете да го направите и самите во домот – и тоа на професионално ниво. Ќе бидете задоволни од резултатот. Овој третман одлично го чисти лицето, ја освежува кожата на лицето и ги отстранува црнките.

500Soda-bikarbona

Измиете го лицето на вообичаен начин. Соберете ја косата за вашето лице да биде откриено. Подгответе ја смесата за чистење на лицето: две супени лажици пена за бричење добро промешајте ги со сода бикарбона.

Сварете вода во помал сад – околу 200 мл и ставете 1-2 лажици цвет од камилица. Ставете го садот на маса, главата над него, покријте се со крпа и оставете го лицето на пареа, околу 5 – 7 минути. Откако лицето ќе стане напарено и влажно, нанесете ја подготвената смеса, избегнувајќи ги деловите околу очите и устата. Под млаз топла вода ставете мека четкичка за заби.

Потоа нежно, но динамичнио чистете ја кожата на лицето. Посебно внимание посветете на носот и на челото. Избегнувајте го делот околу очите. Истријте ја и устата. Потоа се измиете со вода. Погледнете во огледалото и ќе забележите дека нема црнки, дека порите се чисти и лицето е глатко.

Оваа процедура можете да ја правите еднаш неделно.

Најчитани вести