Рецепт: Компир салата со краставички

Оваа салата е вистинско освежување за летните денови…

Состојки:

  • 6 компири
  • 2 краставици (свежи)
  • 10 ротквички
  • 1 врзоп копар
  • rotkvica, crvena
  • 2 лажички сенф
  • 3 лажици јаболков оцет
  • Сол
  • Свежо мелен бибер
  • 4 лажици маслиново масло

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на коцкички. Варете ги во солена вода околу 20-тина минути.

Краставиците и ротквицата измијте ги и исечете ги на коцкички. Копарот исечкајте го ситно.

Во чинија измешајте 4 лажици маслиново масло, 3 лажици јаболков оцет, сол,  бибер и две лажички сенф. Кога компирот ќе биде готов, исцедете го добро и префрлете го во чинијата со претходно подготвениот сос. Добро промешајте и оставете го настрана додека компирот не се олади.

Кога ќе се излади компирот, додадете краставички, додадете му краставички, ротквички и копар, добро промешајте и додадете зачин по потреба. Оставете да отстои во ладилник половина час пред послужување.