сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Рецепт: Кремаст сладолед без јајца

sladoled

Поврзани вести

Погледнете го овој рецепт што ќе ги воодушеви сите љубители на омилениот летен десерт.

Состојки:

  • Слатка павлака – 4 децилитри
  • За брзо кондензирано млеко:
  • 1 филџан млеко во прав (филџан од 1, 8 децилитри до 2 децилитри)
  • Помалку од половина филџан шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 3 лажици путер или маргарин за колачи
  • 1/3 филџан зовриена вода

Можете да додадете чоколада, чоколаден крем, сечкано овочје, бадеми, лешници, кокос, ароми…

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака. Состојките за кондензираното млеко изматете ги со миксер или во блендер околу 2 минути. Соединете ги двете смеси и ставете ги во замрзнувач да се стегнат и тоа е тоа!

За детално упатство погледнете го видеото!

Најчитани вести