Рецепт: Лесна и посна салата од компири

Ова е хранлива и вкусна салата што едноставно мора да ја пробате.

Состојки:

1 кг компири (варени и излупени)

сок од 2 лимона

2 глави на црвен или жолт кромид

1 кисела краставичка

2 црвени јаболка

масло, сол, црн пипер

1/4 лажичка шеќер

кромид за декорација

Подготовка:

  1. Варените компири и кромидот се сечат на парчиња, се посолуваат, се става масло, потоа се додадаваат сецкани јаболка и кругчиња кисела краставичка.
  2. Ставете сок од лимон, бибер, додадете малку шеќер, добро промешајте, оставете да се олади и сервирајте.
  3. Можете да декорирате со сечкани ливчиња.