четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

Рецепт: Мафини со тиквички

Еве еден рецепт за невообичаени и несекојдневни мафини. Брзо се приготвуваат, а уште побрзо се јадат.

mafini-tikvicki

Поврзани вести

Еве еден рецепт за невообичаени и несекојдневни мафини. Брзо се приготвуваат, а уште побрзо се јадат.

Потребно:

  • 700 грама рендани свежи тиквички
  • 150 грама стопен путер
  • Лажичка шеќер
  • Лажичка сол
  • 2 јајца
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 700 грама брашно
  • 200 грама кашкавал
  • Малку нане

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Измешајте ги јајцата и шеќерот, па додадете ги тиквичките и путерот.

Посебно измешајте го брашното со сода бикарбона и малку сол, па промешајте со претходната смеса.

На крај додадете издробено сирење и се добро промешајте. Премачкајте ги калапите за мафини, ставете ја смесата во нив и печете 25 до 30 минути.

Кога ќе бидат готови врз нив наросете малку рендан кашкавал и декорирајте со малку нане.

Најчитани вести