среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Рецепт: Мармалад од праски со рузмарин

Летото е период кога пазарите и продавниците изобилуваат со секакво овошје и зеленчук, а голем број од нас го користат ово период за да направат мармалад, слатко, компот или конзервирано овошје.

praska-ruzmarin-slatko

Поврзани вести

Летото е период кога пазарите и продавниците изобилуваат со секакво овошје и зеленчук, а голем број од нас го користат ово период за да направат мармалад, слатко, компот или конзервирано овошје.

Еве еден рецепт како да подготвите несекојдневен мармалад од праски со рузмарин.

Состојки:

  • 1,5 кг праски
  • 500 гр шеќер
  • 2 лажици сок од лимон
  • 4 млади гранчиња рузмарин со должина од околу 10 сантиметри

Подготовка:

  1. Измијте ги праските, излупете ги и исчистете ги семките. Исечете ги на резенки и врз нив ставете шеќер и сок од лимон, додадете рузмарин и оставете ги во затворен сад да отстојат околу 4 часа. Повремено промешајте.
  2. Варете во длабоко тенџере со повремено мешање, а по десетина минути извадете го рузмаринот. Варете додека не добиете густа смеса, како сируп.
  3. Пред крај на варењето извадете ја пената, а на самиот крај притиснете ги покрупните парчиња ораски со лажица за пасирање или на крај промешајте ги со миксер.
  4. Ставете го врелиот мармалад во стерилизирани тегли и оставете ги завиткани додека целосно не се оладат.

Најчитани вести