Рецепт: Најздравиот леб што сами можете да го подготвите

Состојки:

300 грама пченица

100 грама пченица

100 грама снегулки од јачмен

2 лажици сусам

3 лажици ленено семе

2 лажици излупени семки од сончоглед

1 лажичка сол

½ свеж квасец+50 милилитри вода

Подготовка:

Процесот на подготовка на овој леб трае малку подолго така што ќе треба да одвоите време. Почнете така што ќе ставите вода врз пченицата. Пченицата треба да отстои во вода три дена додека не почне да ’рти. Повремено менувајте ја водата за пченицата да не се расипе.

По три дена процедете ја пченицата и смелете ја во блендер. Ќе добиете маса слична на тесто.

Во таа маса додадете ги пченичните или снегулките од јачмен. Пред тоа би требало добро да ги прелеете снегулките со малку топла вода за да омекнат.

Во масата можете да додадете сончогледови семки, лененеи и/или сусам што претходно благо биле пропржени во тава.

Во 50 мл вода растворете половина свеж квасец и една лажица шеќер. Кога квасецот ќе нарасне додадете го во масата и измесете го рачно.

Додадете лажичка сол и добро распоредете ја во масата, а потоа готовото тесто ставете го во плех за печење на околу 30 минути.

Загрејте ја печката на 220 степени Целзиусови. Пред печење ставете неколку коцки мраз за да се направи пареа што ќе му овозможи на лебот уште малку да нарасне. Печете околу 40 до 45 минути. Проверете дали лебот е готов така што ќе го прободете така како што правите кога печете колачи.