петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 63

Рецепт: Пана кота со вишни

Иако ќе ви биде потребно малку повеќе чекање за да го вкусите овој десерт на крајот се исплати. Самото подготвување нема да ви одземе премногу време, а еве што се ви е потребно за да го подготвите овој несекојдневен рецепт.

panakota-thinkstock-660x440

Поврзани вести

Иако ќе ви биде потребно малку повеќе чекање за да го вкусите овој десерт на крајот се исплати. Самото подготвување нема да ви одземе премногу време, а еве што се ви е потребно за да го подготвите овој несекојдневен рецепт.

Состојки:

За крем

  • 1 л млечна полномасна слатка павлака
  • 8 лажици шеќер
  • 2 ванила шеќер
  • 2 кесички желатин (2×10 грама)
  • За прелив од вишни
  • 300 грама вишни
  • 140 грама шеќер
  • 9 лажици вода
  • По желба, малку сок од лимон

Подготовка:

Ставете го желатинот во половина чаша вода да набабри. Загреете го околу 15 секунди во микробранова за да се истопи и да стане течност. Загреете ја слатката павлака во која што сте додале шеќер и ванилин шеќер додека не зоврие, со постојано мешање додека да се стопи шеќерот. Тргнете го од оган, додадете желатин, добро промешајте и ставете во калап што претходно сте го прелеале со студена вода. Ако калапот нема капак, покријте со пластична фолија да не фати кора. Оставете неколку часа во фрижидер, најдобро цела ноќ.

За полесно да ја извадите пана котата од калапот сите рабови треба благо да ги одвоите со прстите и калапот внимателно да го потпите на неколку секунди во врела вода.

Прелив:

Стопете шеќер во вода, потоа оставете да се вари две минути. Додадете вишни и варете уште пет минути. Потребно е да отстои во ладилник неколку часа, па затоа е најдобро да го подготвите еден ден претходно.

Најчитани вести