Рецепт: Паста со босилек и со пињоли

Станува збор за брза и егзотична храна од тестенини, совршена за летните денови…

Состојки:

  • 3 филџани лист од босилек
  • 0,75 филџан пармезан
  • 1 филџан маслиново масло
  • 0, 5  филџан пињоли
  • 3 чешниња лук
  • 450 грама шпагети
  • Сол
  • Црн бибер

Подготовка:

  1. Измиете ги листовите босилок под млаз студена вода. Промешајте ги со пињоли (што пред подготовката благо сте ги запекле на сува тава) и измиксајте ги во блендер. Додадете лук и иситнете го до крај.
  2. Полека додавајте маслиново масло додека миксаре. Измешајте изрендано сирење и уште миксајте. Додадете прстофат сол и бибер.
  3. Сварете ги шпагетите според упатството на амбалажата и промешајте ги со пестото. Послужете.