недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 17

Рецепт: Пица со домати и козјо сирење

Оваа едноставна пица со домати и со сирење е мошне едноставна за подготвување, а ќе ви бидат потребни 20-тина минути.

pica-domati-kozjo

Поврзани вести

Оваа едноставна пица со домати и со сирење е мошне едноставна за подготвување, а ќе ви бидат потребни 20-тина минути.

Исто така, можете да користите готово тесто за пица, или пак да го подготвите сами.

Состојки:

  • 3 големи лажици маслиново масло;
  • 450 грама домати, по можност отстранете ги семките и исечете ги на тенки кришки
  • 3 тенки парчиња козјо сирење
  • Свежи листови босилек
  • Подготовка:

Подгответе го тестото за пица, како што ви е објаснето во овој рецепт.

Пуштете ја рерната да се загрее на 230 степени Целзиусови. Стевете го тестото во плех што претходно сте го премачкале со масло и сте го напрашиле со брашно.

На пицата распоредете ги доматите и козјото сирење и печете околу 5-10 минути.

Премачкајте со малку маслиново масло и декорирајте со листови босилек.

Најчитани вести