Рецепт: Подгответе вкусни и сочни маринирани ребра

Ова јадење со сигурност ќе продолжите и понатаму да го подготвувате, токму поради неговиот незаборавен и совршен вкус.

Состојки:

2 црвени лути пиперки

30 грама ѓумбир

2 чешниња лук

50 грама кафеав шеќер

150 мл светло пиво

100 мл кечап

100 мл соја сос

Бибер, сол

Половина врзоп коријандер или магданос

1, 5 килограм свински ребра

4 домати

4 парчиња млада пченка

1 модар патлиџан

300 грама разнобојни пиперки

4 компири

Подготовка:

  1. Исчистете и исечкајте ги лутите пиперки. Ѓумбирот и лукот излупете ги изрендајте ги. Се измешајте со шеќерот, пивото, кечапот, соја сосот и биберот. Исечкајте го коријандерот или магданосот па се измешајте.
  2. Во кеса за замрзнувач ставете ги ребрата и маринадата, затворете ја кесата и оставете ја да преноќи во ладилник.
  3. Исечете го зеленчукот на парчиња. Извадете ги ребрата од кесата, процедете ги печете ги на скара околу 40 минути. Во последните 15 минути од печењето додадете ја пченката и зеленчукот (може и ражничи од зеленчук). Декорирајте и сервирајте по желба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.