Рецепт: Похувани тиквички со сирење

Хранливите состојки од тиквичките имаат голем број поволни дејства врз здравјето на човекот: магнезиумот помага во намалувањето на притисокот, витамините Ц и А го спречуваат развојот на атеросклероза, хранливите влакна влијаат на снижувањето на холестеролот како и на чистењето на токсините од дебелото црево.

Тиквичките го активираат метаболизмот на ќелиите, го подобруваат работењето на мозокот, придонесуваат за виталноста на организмот.

Еве еден рецепт за лесна подготовка на похувани тиквички, а ви озвозможува додавање на сирење или некои други ситно исечкани состојки.

Состојки:

  • 2 поголеми тиквички (или 3 помали)
  • 3 јајца
  • 3 чешниња лук
  • 50 грама сирење (не е задолжително)
  • Брашно
  • Сол или зачин од сув зеленчук
  • Свеж магдонос
  • Свежи зачини

Подготовка:

Излупете ги тиквичките (ако се млади доволно е само добро да ги измиете) и изрендајте ги. Додадете јајца, сецкан свеж магдонос и брашно (постепено). Смесата треба да биде малку погуста од онаа за палачинки. Додадете сол или зачин по вкус и рендано сирење (по желба).

Со кутлача вадете од смесата и пршете на жешко масло. Ги вртите со широко лопатче. Кога ќе се готови ги вадите и ги редите на хартиена салфета за да се исцедат од вишокот маснотии.