Рецепт: Руска салата без шунка и мајонез

Нема празници без руска салата, но има руска салата без шунка и мајонез. Некои ја викаат француска салата, некои салата Оливиер…  Еве го рецептот како да ја подготвите:

Состојки (за 4 лица):

200 гр морков

200 гр грашок

200 гр кисели краставички

5 варени белки од јајце

100 гр компир

50 гр павлака

50 гр јогурт 3, 2 %

1 лимон

Сол по желба

Бибер по желба

Подготовка:

Измиениот неизлупен зеленук сварете го во малку насолена вода и брзо изладете го. Јајцата треба да се сварат и да се оладат. Од јајцата отстранете ги жолчките, а белките исечкајте ги на коцкички во големина на зрнио грашок.

Зеленукот ислупете го и исечкајте го на коцкички со големина на грашок, а истото направете го и со краставичките.

Во сад измешајте ги коцкичките зеленчук, јајца, кисели краставички и грашокот. Се заедно треба да се зачини со сол, бибер и сок од лимон.

Салата се поврзува со павлака и јогурт и се остава во фрижидерот да се олади, како и за да се спојат вкусовите.

По желба можете да додадете и дел од жолчките исечкани на коцкички.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.