Рецепт: Сендвич Монте Кристо

Стопеното сирење во средината на сендвичот Mонте Кристо пружа неверојатно уживање.

Состојки:

8 парчиња леб

4 парчиња кашкавал

8 парчиња салама или шунка по желба

Бибер по вкус

1 јајце

2/3 филџан брашно

2 лажички прашок за печиво

½ лажичка прашок за печиво

½ лажичка сол

2/3 филџан вода

Лажица шеќер во прав

Подготовка:

  1. Направете смеса за похување – измешајте вода и јајце, а потоа додадете смеса од брашно, прашок за печиво, сол и бибер. Оставете ја смесата во ладилник.
  2. На парче леб ставете парче салама, врз тоа сирење, па повторно салама и прекријте со уште едно парче леб. Исечете ги сендвичите на половинки или четвртини и прицврстете ги со чепкалка за заби.
  3. Затоплете масло во длабока тава. Извадете ја смесата за похување од ладилникот, па во неа натопете ги сендвичите така што ќе бидат прекриени од сите страни. Пржете ги сендвичите во заграно масло додека не поруменат од сите страни. Извадете ги чепкалките, просејте шеќер во прав и послужете ги сендвичите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.