Рецепт: Како да подготвите варено вино

Кога станува збор за варено вино, мора да признаеме дека многу поважна е атмосферата од самиот рецепт. Поради тоа, ако сте во можност прво запалете оган во шпоретот или каминот.

Потребно е: 500 мл црно вино, 200 мл вода, 3 лажици шеќер, половина лажичка цимет и половина лажичка каранфилче, добро расположение и многу пријатели.

Во тенгере ставете 200 мл вода, додадете 3 лажици шеќер, половина лажичка цимет и половина лажичка каранфилче и оставете да проврие.

Кога ќе зоврие додадете 500 мл суво црно вино (или какво што имате) и штом ќе се згрее тргнете го од огнот.

Поканете ги пријателите и почестете ги со варено вино.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.