сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 32

Рецепт: Вкусен колач од две состојки

За да го подготвите овој вкусен колач ќе ви бидат потребни само јајца и чоколада.

kolac-sostojki

Поврзани вести

За да го подготвите овој вкусен колач ќе ви бидат потребни само јајца и чоколада.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 240 грама чоколада

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 170 степени. Земете плех со пречник од 15 до 18 сантиметри и премачкајте го со масло.
  2. Јајцата треба да бидат на собна температура. Одделете ги жолчките од белките, а чоколадата ситно исечкајте ја.
  3. Стопете ја чоколадата на пареа.
  4. Белките изматете ги во цврст снег.
  5. Промешајте ја стопената чоколада со жолчките.
  6. На смесата со чоколада полека додадете половина снег и полека промешајте.
  7. Постепено додадете го и остатокот од снегот и сето заедно внимателно промешајте го за белките да не паднат.
  8. Смесата ставете ја во калап. Благо удрете со калапот на подлогата за да излезат меурчиња.
  9. Колачот се пече околу 30 – 40 минути. Проверете со чепкалка за заби дали колачот е испечен. Кога ќе се олади, извадете го од калапот. Немојте да се грижите ако испукал и ако го намалил волуменот.

Најчитани вести